Продавницата за апликации на Apple Vision Pro започна без неколку клучни апликации, како што се Netflix, YouTube и Spotify. Сепак, апликацијата YouTube би можела да се појави во иднина, според изјавата што компанијата ја даде за The Verge
Од YouTube велат дека се „возбудени“ поради лансирањето на Vision Pro и дека апликацијата се наоѓа во плановите на компанијата Google, но се уште не е познат тајмингот. Во продолжение прочитајте ја целосната изјава на претставникот на YouTube за The Verge.
„Возбудени сме да го видиме лансирањето на Vision Pro и го поддржуваме со тоа што ќе се погрижиме корисниците на YouTube да имаат одлично искуство во Safari. Во моментов немаме никакви конкретни планови за споделување, но можеме да потврдиме дека нативна апликација за Vision Pro е во нашите планови“
На YouTube и на матичната компанија Google понекогаш им беа потребни години за да ги усвојат новите функции на Apple, така што е целосно нејасно кога всушност ќе можеме да видиме YouTube апликација за уредот на Apple. Во меѓувреме, програмерот на Apollo, Кристијан Селиг креираше апликација наречена Juno за гледање YouTube на Vision Pro. Алтернативно, видеата на YouTube може да се гледаат и во веб-прелистувачот Safari.
Ниту Juno, ниту YouTube на веб не дозволуваат сопствениците на Vision Pro да ја гледаат колекцијата на YouTube од 360 и 3D видеа. Портпаролот на Apple изјави за The Verge дека тоа е затоа што содржината „е креирана за уреди кои не обезбедуваат висококвалитетно просторно искуство“.
„Во некои случаи, оваа содржина може да предизвика и непријатност при движењето. Ги насочивме нашите напори на обезбедување на најдоброто можно искуство со просторните медиуми, вклучувајќи просторни фотографии и видеа, Apple Immersive видео и 3D филмови достапни на Apple TV“
Нема информации дали евентуалната апликација на YouTube ќе работи со нивната актуелна 3D содржина.
Apple соопшти дека работи на поддршка на WebXR содржина што на крајот би можело да овозможи видеата на YouTube VR да се гледаат на веб, преку Safari, но сепак тоа е нов стандард. WebXR сè уште не ја „искористува целосната предност од моќта, перформансите и можностите за интеракција на Apple Vision Pro и visionOS“, но Apple придонесува за веб-стандардите на W3C, вклучително и WebXR.