Samsung уште еднаш ги изненади корисниците на своите паметни телефони, истакнувајќи ги новите Galaxy AI функции кои ќе бидат достапни и на постарите Galaxy S23 уреди
Покрај Google, Samsung е првиот мејнстрим бренд кој воведе вештачка интелигенција на смартфоните. По Galaxy Unpacked настанот, компанијата откри дека карактеристиките на Galaxy AI ќе пристигна и кај постарите телефони на Samsung, почнувајќи од серијата Galaxy S23, а сега има листа на специфични функции за вештачка интелигенција што доаѓаат и кај овие уреди.
Samsung UK сподели инфографик што ги прикажува сите Galaxy AI функции кои се веќе достапни на S24 серијата. Врз основа на графиконот, речиси сите главни опции ќе бидат достапни и на постарите уреди, a засега сигурно на оние од серијата S23.
Меѓу клучните карактеристики што доаѓаат кај постарите модели, корисниците ќе добијат унапреден круг за пребарување, функција за превод во живо, помош при фотографирање и помошник за белешки.
Што се однесува до Galaxy AI функциите на кои доаѓаат дури и кај уште постарите модели, како што е серијата S22, сè уште нема официјални информации дека тоа дефинитивно ќе се случи. Иако претходните официјални изјави на компанијата Samsung ги негираа ваквите планови, секогаш постои можност за промена на стратегијата во иднина, потсетува Wccftech. Уште една работа што треба да се напомене е дека додека основните AI функции доаѓаат во серијата S23, истото не може да се каже и за платените функции, но тоа би можело да се промени во иднина.
Паметните телефони стануваат сè пософистицирани и се прилагодуваат на потребите на корисниците. Одлуката на Samsung да ја прошири функционалноста на претходните модели, кои се покренувани Snapdragon 8 Gen 2 чипсетот, укажува на силна посветеност за подобрување на корисничкото искуство, а во иднина најверојатно ќе го видиме Galaxy AI на таблетите и другите уреди на компанијата.