Уште една услуга која ви овозможува да испраќате големи фајлови на едноставен начин, кои поради типичните ограничувања не би можеле да се испратат по мејл, а во бесплатната верзија, за која дури и не е потребна корисничка сметка, можно е да се испраќаарт фајлови до 5 гигабајти.
Дефинитивно нема недостаток на услуги за испраќање огромни фајлови, но секогаш е добро да имате уште неколку достапни, особено ако ниту една од нив не бара претплата и зависи од ограничувањата на бесплатната верзија. Filemail е уште една таква услуга која во својата бесплатна верзија ви овозможува да испраќате афјлови до 5 GB, кои можат да бидат достапни до седум дена.
Дури и не е неопходно да се отвори корисничка сметка или да се помине низ проверки на мејл адресата, а самите фајлови може да се испратат до примателите како линк или преку е-пошта директно преку апликацијата (во вториот случај, мејл адресата на испраќачот мора да биде наведена).
Целата работа е многу лесна за употреба; само изберете го начинот на испраќање, потоа додадете еден или повеќе фајлови за испраќање, а потоа само допрете ја сината стрелка за испраќање во горниот десен дел од прозорецот. Останува да се дефинира колку долго сакате фајлот да биде достапен за примачот (еден или седум дена), а потоа или ќе се испрати порака на е-пошта или ќе може линкот да се копира и сподели.
Корисен детал за Filemail е тоа што фајловите не мора нужно да се преземаат преку веб-прелистувач, туку преку FTP, торент или преку клиенти кои се достапни за сите главни платформи. Секако, покрај бесплатното издание, Filemail нуди и пакети за кои е неопходно да се плати претплата со почеток од 12 евра месечно, но со кои добивате полуксузни опции и помалку ограничувања.