Се чини дека Apple ќе воведе неколку клучни подобрувања во Pro верзиите на своите паметни телефони од следната iPhone 16 серија. Најпрвин, двата уреди најверојатно ќе имаат поголеми екрани од 6,3 и 6,9 инчи.
Дисплејите ќе се базираат и на OLED панели со Micro Lens Array (MLA), што ќе доведе до подобрувања во осветленоста и аглите на гледање. Телефоните ќе користат чипсет A18 Pro поврзан со 8 GB RAM мемотија, а во однос на складирањето податоци, може да биде додадена и опција од 2 ТБ.
Apple планира да воведе и ексклузивни функционалности со вештачка интелигенција базирана на моделот Apple MGIE. На камерите ќе видиме нова ултраширокоаголна леќа со сензор од 48 MP, а перископ оптика за 5x оптички зум ќе биде додадена и на стандардниот Pro модел. На новите модели од iPhone 16 серијата се очекува да биде додадено и ново копче за фотографирање, наречено Capture button.
Веќе ги споделивме и очекувањата за присуство на поиздржлива батерија кај iPhone 16 Pro Max (4676 mAh), а и помалиоt Pro модел би требало да има поголема батерија.