Во последно време корисниците на WhatsApp ја добиваат пораката со кодот 14643. За почеток, добро е да се нагласи дека ова не е ништо негативно, туку токму спротивното.
Како што е објаснето на социјалната мрежа TikTok, зад оваа шифра се крие љубовна порака.
Имено, овие бројки ја кријат пораката: „Секогаш ќе те сакам“, а укажуваат колку букви има секој збор, се разбира, на англиски јазик:
1 = I/јас
4 = will/ќе
6 = always/секогаш
4 = love/сакам
3 = you/тебе
Често се случува младите со помош на различни нумерички кодови да сакаат да ја поедностават комуникацијата на социјалните мрежи.
Извор: B92.net