Новинарот на Bloomberg запознаен со состојбите во Apple, Марк Гурман тврди дека корисниците треба да чекаат уште најмалку 18 месеци за новата генерација на Vision Pro
Според информациите објавени од долгогодишниот аналитичар на Apple, Марк Гурман, технолошкиот гигант од Купертино нема да објави нов Vision Pro во скоро време. Гурман наведува дека Apple Vision Pro 2 нема да излезе најмалку за 18 месеци, што сугерира дека компанијата користи различна стратегија за нивниот Spatial компјутер во споредба со смартфоните што ги издаваат секоја година.
„Apple е најверојатно најмалку 18 месеци далеку од издавањето на втората генерација на Vision Pro. Врз основа на раните кориснички искуства за првата верзија, тоа би можело прилично долго време чекање за некои корисници“, истакна Гурман во неговиот неодамнешен билтен Power On.
Гурман се повикува на тоа што многу корисници го изразуваат своето незадоволство и намерата да го вратат Vision Pro во продавниците, најмногу поради непријатноста при носење. На социјалните мрежи се жалат дека уредот е недуодбен за носење подолго време и дека предизвикува главоболки и мачнини, а некои изразуваат и незадоволство од продуктивноста на уредот во однос на цената.
„Ако не го користам за продуктивност и забава, и ако нема доволно игри за играње на него, едноставно не можам да го оправдам да го задржам“, напиша еден корисник на Reddit кој беше меѓу првите што го купи Vision Pro.
Во секој случај, Гурман тврди дека Apple е свесен за проблемите со првата генерација на Vision Pro и активно соработува со трговците кои први дознаваат за тешкотиите на корисниците, се со цел да го направи подобар претстојниот Vision Pro 2.