Apple објави дека батериите во моделите од iPhone 15 серијата ќе траат двојно подолго од оние во серијата iPhone 14. Според веб-страницата на компанијата, батериите од сегашната серија ќе задржат 80% од својот капацитет по 1000 циклуси. За разлика од претходната серија, чии смартфони треба да задржат 80% на 500 циклуси.
Ова се должи на подобрените компоненти во управувањето со батеријата и енергијата. Сепак, овие бројки се валидни доколку го полните и користите паметниот телефон под идеални услови и би се разликувале во зависност од одредени фактори, како што се употребата, колку често го полните и температурите при користење и полнење.
Од iOS 17.4 верзијата, веќе може да се види колку циклуси на полнење исполнила батеријата, како и кога е произведена.