Со финансиска поддршка од ЕУ, Институтот „Михајло Пупин“ претстави паметен систем за прочистување на воздухот на отворено, во рамките на трговскиот центар Ушче во Белград. Системот користи кинетичка енергија и енергија од ветар за прочистувачите на воздухот, што го прави енергетски неутрален, а се очекува дека значително ќе ја намали концентрацијата на PM честички и другите загадувачи.
Паметниот систем за чистење воздух е поставен пред трговскиот центар, затоа што таму среде интензивниот сообраќај, воздухот е особено загаден, а го дишат огромен број луѓе. Системот е составен од три вида уреди: иновативен генератор поставен во гаражите на тговскиот центар, кој кога автомобилите преминуваат преку електрични подни плочки кинетичката енергија ја претвора во електрична; турбина на ветар, која создава електрична енергија од ветрот и два прочистувачи на воздухот поставени на платото пред трговскиот центар, кои со помош на воден филтер го чистат воздухот во радиус од 25 метри и ја намалуваат концентрацијата на честичките PM 2.5 и PM 10 и другите загадувачи.
Системот е дизајниран за да може да се постави и на други места, како што се автобуски постојки и болници, и на тој начин да го унапреди квалитетот на воздухот во урбаните среидни. Партнер на Институтот во изработката на системот, покрај трговскиот центар, беше и компанијата Model 5 од Белград.
Паметниот систем за почист воздух е едно од 52 иновативни решенија кои досега се поддржани во рамките на проетот „ЕУ за Зелена агенда во Србија“.
Извор: Bizlife.rs