На корисниците им се препорачува одвреме-навреме да проверуваат дали се појавила нова опција во нивната мобилна апликација.
Сите корисници на X платформата наскоро ќе можат да остваруваат видео и аудио повици на таа мрежа. Она што досега беше достапно само за корисниците на Premium, оние кои редовно плаќаа претплата, сега ќе биде достапно за сите.
Според најавата на директорката на платформата X (Twitter), Линда Јакарино, оваа опција постепено ќе им станува достапна на корисниците. Опцијата за воспоставување повик со други корисници на платформата се наоѓа во сандачето во апликацијата X.
X goes vocal! Who are you calling first? https://t.co/OHz5DZX0eJ
— Linda Yaccarino (@lindayaX) February 23, 2024
За потсетување, можноста за меѓусебни повици на X првпат беше воведена во октомври 2023 година за корисниците на iOS, а подоцна стана достапна и за корисниците на Android, под услов да имаат претплата за X Premium. Сопственикот на платформата X, Илон Маск, веќе тогаш најави дека оваа опција ќе биде достапна за сите корисници.
На корисниците им се препорачува одвреме-навреме да проверуваат дали оваа опција се појавила во нивната мобилна апликација.
А за оние кои не сакаат луѓето да им се јавуваат преку X, може да изберат кој може да им се јави во поставките и дали сакаат да ја објават својата IP адреса за време на повикот.