Компанијата HMD потпиша партнерство со Mattel околу развој на телефон базиран на најпопуларната кукла во историјата.
Минатото лето го одбележија два филмови кои ги наполниле киносалите ширум светот. Едниот е „Oppenheimer“, приказната за таткото на атомската бомба, а другиот е Barbie, по кој светот повторно полуде по популарната кукла. Иако од емитувањето на филмот во кино-салите помина една година, изгледа дека барбиманијата сè уште трае бидејќи на најголемиот светски саем за мобилни уреди, Mobile World Congress кој моментно се одвива во Барселона, најавен е официјален Barbie телефон.
Овој уред го најави компанијата HMD (Human Mobile Devices), најпозната по производството на телефоните Nokia, која сега потпиша партнерство со Mattel, благодарение на кое љубителите на популарната кукла ќе може да купат официјален Barbie телефон. HMD засега најави само претставување на уредот, не сè уште не објави негови фотографии, ниту цена, а засега тоа што е познато е дека Barbie телефонот ќе биде преклопен уред со розова боја и светки.
Но, ако веднаш помисливте за купување на овој телефон, веројатно ќе се разочарате од фактот дека ова не е класичен смартфон, туку станува збор за таканаречен „feature“ телефон, односно мобилен кој не работи на оперативен систем, ниту има напредни опции како модерните телефони. Во прв план не е ни поврзаноста на интернет, а нема ни екран чувствителен на допри, туку доаѓа со старомодните копчиња. Таквите уреди биле популарни на почетокот на овој век и првенствено се наменети за телефонирање и праќање на СМС пораки. Токму затоа, HMD го рекламира како телефон кој носи стил, носталгија и многу потреба дигитална детоксикација.
Со оглед на тоа дека повеќето луѓе денес не можат да живеат без паметен телефон и бројни апликации кои секојдневно се користат, „Barbie“ телефонот веројатно на никого нема да му биде главен телефон, но затоа би можел да биде замислен ако втор уред кој ќе се користи во ситуации кога луѓето сакаат да побегнат од дигиталното секојдневие и бројните известувања од смартфонот, но сакаат да имаат уред за комуникација со најблиските.
Бидејќи HMD не е глобално препознатлив бренд, веруваат дека партнерството со Mattel ќе им помогненивното име да стане познато кај повеќето луѓе ширум светот. Во промоцијата на телефонот веројатно ќе им помогнат и славни личности и инфлуенсери.
Како ќе изгледа телефонот би требало да дознаеме наскоро, а во продажба го очекуваме во текот на летото.
Сите новитети од годинашниот Мобилен конгрес во Барселона (MWC 2024) можете да ги пронајдете на следниот ЛИНК