Распоредот за ажурирање на HyperOS ќе се разликува по уред и регион и се очекува да започне некаде во првата половина на 2024 година
Извршниот директор на Xiaomi, Леи Јун уште есента минатата година објави дека MIUI заминува во пензија и ќе биде заменет со HyperOS. Новиот оперативен систем на кинескиот производител веќе може да се најде на некои модели, како на пример на неодамна глобално претставената Xiaomi 14 серија, а сега е објавено кои уреди ќе го добијат.
Распоредот за ажурирање на HyperOS ќе се разликува по уред и регион и се очекува да започне некаде во првата половина на 2024 година. Дополнително, може да се очекува дека со текот на времето на таа листа ќе се додадат некои нови уреди од брендовите Xiaomi, Redmi и Poco.
Подолу е листата на уреди кои ќе добијат HyperOS. Имајте предвид дека не се наведени моделите од Xiaomi 14 серијата, бидејќи тие доаѓаат со прединсталиран HyperOS базиран на Android 14.
Смартфони
- Xiaomi 12
- Xiaomi 12 Lite
- Xiaomi 12 Pro
- Xiaomi 12T
- Xiaomi 12T Pro
- Xiaomi 12X
- Xiaomi 13
- Xiaomi 13 Lite
- Xiaomi 13 Pro
- Xiaomi 13 Ultra
- Xiaomi 13T
- Xiaomi 13T Pro
- Redmi Note 12 5G
- Redmi Note 12 Pro 5G
- Redmi Note 12 Pro+ 5G
- Redmi Note 13 4G
- Redmi Note 13 5G
- Redmi Note 13 Pro 4G
- Redmi Note 13 Pro 5G
- Redmi Note 13 Pro+ 5G
Таблет уреди
- Redmi Pad SE
- Xiaomi Pad 6