Во текот на Мобилниот конгрес во Барселона, Samsung откри повеќе детали за Galaxy Ring, но компанијата сè уште ги чува клучните детали за него, како што се цената и продажбата. Овие информации ги очекуваме за време на презентацијата подоцна во текот на годината.
Повеќе детали за прстенот доаѓаат од корејските публикации. The Elec потврдува дека премиерата ќе се одржи во втората половина на годината, што е во согласност со гласините за лансирање заедно со новите преклопни смартфони од Galaxy Z серијата во јули.
Дополнително, од FNNews дознаваме дека батеријата на Galaxy Ring ќе трае помеѓу 5 и 9 дена меѓу две полнења. Точното време е различно ,бидејќи поголемиот прстен има и поголема батерија. Најверојатно помалиот модел ќе трае 5 дена, а поголемиот ќе работи до 9 дена.