Неофицијалните CAD-фајлови го откриваат дизајнот на iPhone 16 Pro моделот со поголем Action button, ново Capture копче за фотографирање и уште неколку новитети
Иако ќе помине некое време додека конечно ја видиме новата iPhone 16 Pro серија во полн сјај, најавите веќе доаѓаат преку разни рендери и фајлови кои го опишуваат изгледот на претстојните уреди. Врз основа на досега објавените информации од инсајдерите, вклучувајќи ги и CAD-фајловите (компјутерски 2D и 3D модели), грубо можеме да заклучиме како ќе изгледаат новите iPhone Pro модели и какви нови функции ќе донесат.
Порталот 91Mobiles, кој е посветен на мобилните уреди и технологијата, а е познат по своите рендери базирани на CAD-фајлови кои често ги објавува, има информации за претстојниот модел на iPhone 16 Pro, што сугерира дека ќе има поголемо Action копче.
Дополнително, на другата страна на уредот беше откриено ново Capture копчем посветено на задачи поврзани со камерата. Со оглед на пристапот на Apple досега, копчето веројатно ќе извршува повеќе функции отколку само оние наменети за функциите на камерата.
Истиот извор тврди дека има увид и во димензиите на претстојниот iPhone 16 Pro модел, кои изнесуваат 149,6 x 71,4 x 8,4 милиметри. Упатените очекуваат овој смартфон да има екран со дијагонала од 6,3 инчи, наспроти актуелниот модел од 6,1 инчи.. Иако телефонот, судејќи според рендерите, ќе има сличен изглед како минатата серија, сè поверојатно е дека iPhone 16 Pro ќе претрпи уште едно визуелно освежување, поточно додавање на ново копче Capture.
Покрај тоа, Apple се фокусира на додавање на вештачка интелигенција во следната генерација на своите телефони, што полека станува вообичаена карактеристика на најновите уреди. Според тоа, iPhone 16 Pro треба да има многу нови функции.