Компанијата Meta го менува начинот на кој Facebook препорачува видео содржини во Reels, Groups и главниот фид. За таа цел ќе се користи технологија за вештачка интелигенција која ќе биде вградена во алгоритмот.
Reels веќе го користи новиот енџин, а со тек на време ќе биде претставен и во другите два дела. Meta води голема борба со TikTok, кој има прилично моќен мотор за препораки за содржина.
Во тестот на новиот енџин со вештачка интелигенција во Reels, прегледите се зголемија до 10%. Овој модел е обучен на податоците многу поефикасно од претходната генерација. Досега, Meta користеше различни енџини за препораки во Reels, Groups и Facebook фидот, но по успехот на првичните тестови, ќе се посвети на унифицирано решение за вештачка интелигенција.
Овој потег е дел од стратегијата на Meta да вгради вештачка интелигенција во сите нејзини производи.