Иако изборот на мини игри и апликации е достапен за корисниците со месеци, дури од 18 март програмерите ќе добијат можност да за развој на тие игри и апликации користејќи го Embedded App SDK
Досега, функцијата „Активности“ беше ограничена само на одреден број програмери кои преку неа им нудеа на корисниците разни мини-игри и апликации како YouTube и други во форма на iframes во рамките на Discord.
Сепак, од 18 март „Активности“ ќе биде отворена за поширок круг на програмери, т.е. на секој кој има желба да развие апликации за Discord. И ова ќе им биде овозможено преку Embedded App SDK.
„Сакаме Discord да прерасне во најдоброто место за програмерите да прават сè: да градат, споделуваат, дистрибуираат, да бидат откриени и да ја монетизираат нивната работа“, се вели во објавата. „Сакаме Discord да биде местото каде што започнува вашата апликација, каде што наоѓа дом во заедниците на луѓето ширум светот и каде што може лесно да се сподели со пријателите.
Дополнително, Discord исто така го враќа своето претставување за апликации каде што програмерите можат да презентираат идеи за прототипи на апликации и да обезбедат до 30.000 долари парична награда.