Апликацијата Microsoft Teams веќе нема да има две посебни верзии за бизнис и приватните корисници
Microsoft преминува на унифицирана верзија на својата апликација Teams, во која ќе може лесно да се префрлате помеѓу личната и работна сметка. Новата апликација моментно се тестира и се очекува официјално да биде лансирана во април.
Компанијата забележува дека добила бројни барања од корисниците да можат да користат една апликација за нивнот личен и бизнис акаунт. Со идните ажурирања, ќе може да се избере сметката што се користи при приклучување на состаноци преку линк или приклучување без регистрација.
Унифицираната апликација ќе овозможи и создавање на различни икони за брзо стартување на различни профили. Подобрување има и во поглед на известувањата, а ќе има и разликување на тимот од кој доаѓаат.
Microsoft планира постепено да го укине Microsoft Teams (free), при што сите ќе се преселат на ажурираната апликација.