Според неофицијално објавените информации, претстојната серија паметни часовници на Samsung, Galaxy Watch 7 ќе пристигне во три верзии – Classic, Pro и најверојатно правоаголна за која пишувавме неодамна.
Новите паметни часовници на Samsung би можеле да бидат претставени веќе во средината на јули на претстојниот Unpacked настан, каде, меѓу другото, ќе бидат претставени и преклопните Galaxy Z Fold 6, Galaxy Z Flip 6 и паметниот прстен Galaxy Ring.
Што се однесува до спецификациите, се наведува дека Galaxy Watch 7 серијата ќе ја покренува Exynos W940 чипсет на Samsung, што е до 50 проценти енергетски поефикасен во споредба со Exynos W930 во актуелниот Galaxy Watch 6, пренесува GSM Arena.
Иако тоа не значи дека автономијата ќе биде до 50 проценти подобра, корисниците секако може да очекуваат поретко полнење на нивните паметни часовници Galaxy и до 30 проценти подобри перформанси.
Иако претставувањето на Galaxy Watch 7 се очекува во текот на летото, веќе се зборува за спецификациите и фактот дека целата серија би можела да се состои од дури три модели.
Samsung може да се префрли на правоаголни дисплеи за Galaxy Watch