Се чини дека Samsung ќе го претстави својот паметен часовник од следната генерација во втората половина на годината, најверојатно во јули, што е малку порано од вообичаеното. Што е уште поинтересно, оваа година изгледа дека ќе има позначајна промена во поставата.
Станува збор за три варијанти во Galaxy Watch 7 серијата, а сега новите податоци сугерираат дека складирањето на податоци ќе се удвои во однос на Watch 6, од 16GB на 32GB. Ова секако ќе овозможи складирање на повеќе фајлови, вклучително и музика.
Трите уреди ќе имаат кодови на производи SM-L300/SM-L305, SM-L310/SM-L315 и SM-L700/SM-L705. Оние модели кои завршуваат на 5 најверојатно се оние кои ќе имаат мобилна конекција преку eSIM.
Инаку, Galaxy Watch 7 треба да вклучува чипсет произведен во процес од 3 нанометри. Овој чип може да понуди до 50% поголема ефикасност во споредба со оној што се користи во сегашните часовници. Исто така, би било логично и префрлање на на понова верзија на Wear OS и One UI Watch интерфејсот.