Новата Vivo X Fold3 серија флексибилни паметни телефони e значително подобра, побрза и помоќна, а воедно и полесна.
Vivo дизајнираше потенки телефони во споредба со моделите од 2023 година, а исто така значително ги подобри камерите и батеријата. Серијата X Fold3 се состои од стандарден и Pro модел.
Vivo X Fold3 тежи само 219 грама, што значи дека е најлесниот „хоризонтален“ смартфон што се преклопува навнатре. Honor V Purse е полесен со 214 грама, но се преклопува нанадвор и нема втор екран.
Покрај тоа, X Fold3 е полесен од многу телефони со премиум дизајн како што се iPhone 15 Pro Max (221 грама) и Samsung Galaxy S24 ultra (232 грама) и преклопните уреди како Galaxy Z Fold5 (253 грама). Vivo X Fold2 беше доста масивен со 279 грама и дебелина од 12,9 mm кога е преклопен, а X Fold3 го намалува тоа на 10,2 мм.
И двата нови модели имаат исти екрани. Дијагоналата на внатрешниот панел е со големина 8,03 инчи, користен е материјал Samsung E7, резолуцијата е 2.480 x 2.200 пиксели, брзината на освежување 120 Hz, а максималната осветленост изнесувца 4.500 нита. Надворешниот екран има 6,53 инчи, со резолуција од 1.172 x 2.748 пиксели, стапка на освежување од 120 Hz и максимална осветленост од 4.500 нита, користи Q9 Plus материјал. Максималната осветленост на екранот на моделот X Fold2 изнеусваше 1.800 и 1.600 нита, така што ова е повеќе од двојно зголемување.
Vivo Fold 3 Pro го покренува нов процесор Snapdragon 8 Gen 3 поврзан со Vivo V3 чипот за фотографирање. Доаѓа во две мемориски конфигурации, 16/512 GB и 16 GB/1 TB со LPDDR5X RAM и UFS 4.0 меморија.
Чипот за обработка на слика обработува податоци од главната камера со „ултра сензор“ од 50 MP, која е опремена со 1/1,3“ OmniVision OV50H сензор и објектив со отвор на бледна f/1,68 и оптичка стабилизација на сликата. Сензорот е поголем од оној се користи од X Fold2 и е нешто потежок.
Стандардниот X Fold3 се напојува со истиот процесор Snapdragon 8 Gen 2 како и X Fold2 и може да се спои со мемориски конфигурации од 12/256GB и 16GB/1TB (LPDDR5x, UFS 4.0). Во овој модел недостасува чипот за обработка на слика V3.
Главната камера користи 50 MP (1/1,49″) сензор Sony IMX920 и леќа f/1.75 со оптичка стабилизација на сликата. Има и 50 MP 50mm (1/2,93″ IMX816, f/1,85 ) и ултраширока камера од 50 MP (JN1, 119 степени, f/1,85). Во овој случај, зборуваме и за селфи камери од 32 MP.
Двата X Fold 3 модела имаат лесна карбонска шарка со тежина од само 14,98 грама, која може да издржи 500.000 преклопувања и е сертифициран од TÜV Rhinenland. Vivo направи напор да ги направи мобилните телефони поотпорни на падови, па така предниот дел е 11 пати поотпорен, а задниот е 15 пати поотпорен во споредба со X Fold2. Дури и преклопниот екран има слој што го прави поотпорен.
Моделите се разликуваат според водоотпорност, моделот Pro ги исполнува супериорниот IPX8 стандард и стандардниот IPX4. Pro моделот се издвојува со капацитет на батерија од 5.700 mAh, што е за 900 mAh поголем од оној во моделот X Fold2. Стандардниот X Fold3 се напојува со батерија од 5.500 mAh.