На новите CAD фотографии или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без квадратни рабови како визир
Новиот сет CAD (computer-aided design) засновани рендери го откриваат дизајнот на претстојниот телефон Google Pixel 9, а истовремено сугерираат дека компанијата презема нов пристап во распоредот за лансирање на смартфоните. Имено, претходно видовме два комплети рендери уште во јануари, а упатените сега тврдат дека тие не ги претставуваат основните, туку Pixel 9 Pro и 9 Pro XL моделите.
Во секој случај, Pixel 9 го има истиот основен дизајн како и двата споменати модели, со рамна метална рамка, но со редизајнирано куќиште на камерата кое сега има овална форма, без свиткување во квадратеста рамка како визир, што го видовме на претходните две генерации Pixel теелфони.
Извори од порталот 91Mobiles, кој и ги објави рендерите, тврдат дека Pixel 9 ќе има OLED екран од 6,03 инчи, со брзина на освежување од 120 Hz, во споредба со 6,1 инчи што наводно ги добиваат Pixel 9 Pro и 6,5 инчи за Pixel 9 Pro XL. Димензиите на основниот модел Pixel 9 изнесуваат 152,8 x 71,9 x 8,5 мм.
Другата клучна разлика на остандардниот Pixel 9 модел е двојната камера во споредба со трите што ги имаат Pixel 9 Pro и Pixel 9 Pro XL.
Се чини дека Google може да пристапи кон серијата Pixel 9 со стратегија за лансирање на сите три модели на уреди одеднаш. Сепак, сè уште не е познато како Google ќе се однесува кон серијата Pixel A и дали Pixel 9 ќе стави крај на тоа.
Појасна слика секако би требало да се формира во наредните месеци, судејќи според претходните протечени информации за Pixel серијата. Официјалното претставување на новата серија најверојатно ќе биде во октомври, кога Google вообичаено ги лансира своите премиум телефони.