Заклучениот екран отсега поддржува детален приказ на ажурирања на статусот од апликациите и динамични, интерактивни ажурирања на временската прогноза
Подобреното искуство минатата недела пристигна до Windows Insiders во рамките на Release Preview build, додека пошироката достапност ќе се одвива во фази.
Уредите што работат со Windows 11 (верзија 23H2 и понова) и Windows 10 (верзија 22H2 и понова) кои имаат инсталирано месечното безбедносно ажурирање од април 2024 година (или поново) сега ќе бидат вклучени во постепеното воведување на новото искуство, најавено е во објавата.
Сепак, дури и со ажурирањето, нема сите корисници одеднаш да добијат пристап до сите динамични табови (времето, финансиите, спортот, сообраќајот итн.), бидејќи тоа зависи од регионот во кој се наоѓа уредот.
Според стандардните поставки, избраната содржина ќе се заснова на локацијата на уредот и поставките за јазикот, кои подоцна може да се персонализираат.
Тоа значи дека непотребните табови ќе можат да се отстранат, а преостанатите ќе имаат можност да се прикажат на друг јазик или за избраната локација.
Корисниците кои не сакаат да го гледаат новото искуство на заклучениот екран може да го исклучат во поставките: Поставки > Персонализација > Заклучен екран > Статус на заклучен екран.