Motorola Edge 50 Pro денеска официјално е претставен во главниот град на Индија, а ја зајакнува средната класа со Snapdragon 7 Gen 3 чипсет и полнење од 125 W.
Компанијата Motorola на голем настан во Индија официјално го објави новиот телефон Edge 50 Pro, кој ја претставува неговата премиум понуда од средната класа. Motorola Edge 50 Pro меѓу другото доби и систем со тројна камера, pOLED екран, Snapdragon 7 Gen 3 чипсет од Qualcomm и брзо полнење од 125 W.
Да почнеме со екранот – новиот телефон има заоблен дисплеј од типот pOLED, со дијагонала од 6,7 инчи со брзина на освежување од 144 Hz и резолуција од 1220×2712 пиксели. Максималната осветленост достигнува 2.000 нита и воедно претставува првиот уред на компанијата со бои одобрени од Pantone за попрецизен приказ на вистинските бои и тонови на кожата, истакнува компанијата на својата веб-страница. Покрај тоа, екранот содржи и отвор за предна камера со 50 MP и автофокус, како и скенер за отпечатоци.
На задната страна е поставена лавна камера од 50 MP со отвор на бленда f/1.4 и OIS, заедно со телефото камера од 10 MP со 3x оптички зум и ултра-широка камера од 13 MP, која исто така служи како макро камера. Motorola Edge 50 Pro е исто така првиот паметен телефон на компанијата со AI Photo Enhancement оптимизација на енџинот за снимање на движење и сегментација на бои.
Од аспект на софтверот, тука е новиот кориснички интерфејс Motorola HelloUX базиран на оперативниот систем Android 14, кој донесува генеративни функции за вештачка интелигенција за приспособени позадини. Moto Edge 50 Pro ќе биде првиот телефон кој поддржува Motorola Smart Connect, што во суштина е нов сет на функции на компанијата за паметни телефони, таблети и компјутери на Motorola и Lenovo со поддршка за надворешни дисплеи и синхронизација на податоци.
Edge 50 Pro има батерија од 4.500 mAh со брзо жично полнење од 125 W и безжично полнење од 50 W, и има IP68 рејтинг за отпорност на вода и прашина.
Motorola Edge 50 Pro доаѓа во црна боја и лаванда, а има и ограничена верзија Moonlight Pearl, која всушност е белузлаво-беж нијанса, лансирана од италијанската дизајнерска куќа Mazzucchelli во 1849 година.
Што се однесува процесорот, треба да се забележи дека иако Snapdragon 7 Gen 3 е релативно нов чипсет на Qualcomm наменет за средната класа, тој всушност има процесор дел од понискиотѕ сегмент во однос од Snapdragon 7+ Gen 2.
Кога станува збор за цената на новиот уред во Индија, верзијата со 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање ќе чини околу 360 евра, додека верзијата со 12/256 GB ќе чини приближно 400 евра.