Претстојниот преклопен смартфон на Samsung, Galaxy Z Fold6 наводно ќе ги задржи идентичните камери како неговиот претходник Z Fold5, а надградбите ќе се префрлат на новиот Ultra модел
Најновите гласини укажуваат дека претстојниот Galaxy Z Fold6, чиј екран се преклопува како книга ќе ја има истата конфигурација на системот на камери како претходникот Galaxy Z Fold5, без разлика дали се работи за задните или предната камера. Наместо да ги надградува камерите на овој модел, тоа на својот „грб“ ќе го преземе новиот Ultra модел кој би можел да се приклучи во новата Fold серија.
Тоа значи дека широкоаголната камера од 50 MP ќе има 1/1,56-инчен Isocell GN3 сензор, со дополнителен сензор од 10MP со големина на сензор 1/3,94 инчи за 3x зум, како и 12MP ултраширока камера со големина на сензорот 1/3 06 инчи. Инсајдер на мрежата X под името Ice Universe открива дека селфи камерата од 4MP сместена под дисплејот исто така ќе остане иста, што во тој случај би било спецификација што не е променета од 2021 година, од дебито на моделот Z Fold3.
Сепак, дојавувачот вели дека наместо овој телефон, надградбите во системот на камера може да ги донесе новиот Ultra модел, за кој вели дека дефинитивно постои, но сè уште не се познати неговите спецификации.
Досега непроверените информации покажуваат дека Galaxy Z Fold6 Ultra би можел да има Isocell HP2 сензор со резолуција од 200 MP, односно идентичен како кај новиот Galaxy S24 Ultra. Меѓутоа, допрва се очекува дознаеме повеќе детали за следната Samsung Galaxy Fold генерација преклопни уреди, која се очекува да биде претставена кон средината на месец јули.