Google конечно ќе ја додаде можноста за сателитска комуникација и испраќање пораки преку сателит на претстојниот телефон Google Pixel 9, кој се очекува да излезе оваа есен.
При лансирањето на iPhone 14 серијата во 2022 година, Apple ја воведе функцијата на сателитска комуникација во итни случаи. Две години подоцна, пристигна официјална потврда дека Google конечно ќе ги следи стапките на Apple и ќе додаде функција за сателитска комуникација во новите флегшип Pixel 9 уреди, што се очекува да бидат претставени во втората половина годинава.
Првично, функционирањето на оваа ексклузивна можност ќе го обезбеди T-Mobile во соработка со компанијата SpaceX, а подоцна и други провајдери кои може да бидат додадат на листата во иднина. Сателитската врска ќе овозможи испраќање пораки, но не и остварување повици. Дополнително, специјалната апликација „Satellite Gateway“ ќе овозможи лесна комуникација со службите за итни случаи, преку функцијата наречена „Emergency SOS“.
Android Authority цитира инсајдери од кругови блиски до Google кои тврдат дека новата флегшип серија на Google, која се очекува да биде претставена во октомври, ќе биде опремена со новата генерација на сопствениот процесор Tensor G4 и ќе користи напреден Samsung T5400 модем чип за испраќање податоци. Покрај сурфањето на интернет преку 5G, ќе поддржува и 5G безжична комуникација во вселената користејќи сателити кои обезбедуваат комуникациски услуги.
Се очекува дека не само хардверот на мобилниот телефон, туку и новата генерација на Android 15 оперативниот систем ќе ја поддржи новата функција „Satellite SOS Emergency SOS“, што се смета за една од главните надградби на годинашниот водечки телефон во форма на Pixel 9 серијата.