HMD Global сè уште лансира телефони под брендот Nokia, но компанијата оди кон тоа да користи сопствен бренд за идните уреди. Еден од нив ќе биде HMD Pulse, чии спецификации „протекоа“ на интернет.
HMD Pulse ќе има 6,56-инчен HD+ IPS LCD дисплеј со тенки рамки, ќе го покренува Unisoc T606 процесор поврзан со 4 или 8GB RAM и ќе работи со Android 14. Одзади ќе се наоѓа камера од 13MP, а уредот ќе се напојува од батерија од 5.000 mAh.
Овој уред треба да биде еден од трите што HMD планира да ги претстави, бидејќи компанијата работи и на моделите HMD Pulse+ и HMD Pulse Pro.
Познато е и дека HMD Pulse ќе биде достапен во сина, црна и розова боја, што може да се види во приложените рендери. Неговиот дизајн е сличен на мобилните телефони со логото на Nokia, како што е Nokia C32.
Според достапните информации, серијата Pulse ќе пристигне во јули, но би можела да се појави порано во Индија.
Исто така, од HMD се очекуваат уште три смартфони и тоа HMD Legend, Legend+ и Legend Pro.
Планот на HMD вклучува пристигнување на двете серии во јули со смартфонот дизајниран на темата Барби.