Некогаш клиент кој им овозможуваше на корисниците на Android да им се појавуваат во сини балончиња на оние на iPhone, веќе некое време е универзална апликација за комуникација која поддржува голем број популарни услуги и апликации како што се Whatsapp, Facebook Messenger, Twitter, Telegram и други.
Beeper пред крајот на минатата година се покажа како трн во окото на Apple, бидејќи на итар начин ги заобиоли наметнатите ограничувања, со што корисниците на Android на оние на iPhone им се покажуваат во зелени наместо во сини меурчиња. Но, кога тоа на крајот стана неодржливо, Beeper се трансформираше во апликација за повеќе платформи која има за цел да ја олесни комуникацијата преку централизирање на употребата на популарните комуникациски услуги.
Неодамна Beeper беше купен од компанијата Automattic, која е сопственик на WordPress, за дури 125 милиони долари, што само ја прави целата работа уште поинтересна. Beeper моментно поддржува вкупно 14 комуникациски услуги и апликации, вклучувајќи WhatsApp, Facebook Messenger, Telegram, Signal, Slack, Google Chat и Discord.
Оваа апликација треба да се гледа како еден вид унифицирано сандаче за е-пошта, само за популарните комуникациски услуги. Имено, штом користените услуги ќе се поврзат со Beeper, сите разговори ќе се најдат во едно сандаче, што ќе го олесни продолжувањето (или започнувањето) на разговорите.
Дополнително, има солидно решено пребарување, како и низа други практични можности, а треба да се напомене дека се базира на добро познатиот протокол со отворен код Martix. За да можете да ја користите апликацијата, потребно е да се регистрирате со мејл, кој треба да се потврди и да изберете корисничко име, а потоа само да ги поврзете саканите услуги и апликацијата може да се користи.
Накратко, сите оние кои се уморни од жонглирање со големиот број апликации, затоа што сакаат или мораат да комуницираат со колеги и пријатели кои користат различни услуги, Beeper би можел да се покаже како многу интересно и практично решение.
Апликацијата Beeper може да се преземе бесплатно на Android преку Google Play и на iOS преку App Store