Самсунг оваа година изненади многумина откривајќи дека ќе претстави нов тип на производ, а тоа е паметен прстен. Првиот таков модел ќе биде Galaxy Ring, кој компанијата дури го покажа зад витрина за време на мобилниот конгрес во Барселона.
Вистинското деби на прстенот допрва пристигува, а недостасуваат сеопфатни податоци за уредот, вклучувајќи ги и неговите можности. Сега, новите информации покажуваат шифри на производи на уредот кои најверојатно одговараат на неговите различни големини: SM-Q500, SM-Q501, SM-Q502, SM-Q505, SM-Q506, SM-Q507, SM-Q508, SM-Q509 .
Има две шифра (SM-Q503 и SM-Q504) кои недостасуваат, но најверојатно се уште не се пронајдени. Се чини дека најмалата варијанта е SM-Q500, а најголемата SM-Q509. Инаку, очекувањата се дека Galaxy Ring ќе дебитира заедно со следната генерација на преклопни смартфони на компанијата, најверојатно кон средината на месец јули.
Galaxy Ring треба да вклучува жироскоп и сензор за следење на отчукувањата на срцето, а ќе може да го следи спиењето и вежбањето.