Експертите предвидуваат огромен развој во здравствениот сектор со носиви уреди базирани на вештачка интелигенција
Д-р Хaн Пак (Hon Pak), потпретседател и шеф на тимот за дигитално здравје во секторот за мобилни уреди на Samsung Electronics, заедно со членовите на Советодавниот одбор за здравје на Samsung на почетокот на пролетта оваа година во Медицинскиот центар на Samsung во Сеул дискутираа за иднината на здравството и како носивите уреди засилени со вештачка интелигенција ќе имаат значајна улога во напредокот на овој сектор. Д-р Мајкл Блум (Michael Blum), генерален директор и соосновач на платформата за медицинска анализа BeeKeeper AI и поранешен директор за дигитална трансформација на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско (UCSF), оддел за кардиологија; Д-р Дејвид Клоноф (David Klonoff), претседател на Институтот за истражување на дијабетес во Медицинскиот центар Mills Peninsula; и професорот Мјунг Џин Чaнг (Myung Jin Chung), директор на Центарот за истражување на вештачка интелигенција при Samsung (SAIC) споделија експертски увиди и уникатни перспективи за тоа како Samsung може стратешки да ја примени вештачката интелигенција, со посебен акцент на најавената понуда на носиви уреди.
Како ја гледате иднината на здравството и каква улога има технологијата во неа, особено кога е комбинирана со генеративна вештачка интелигенција?
Професор Чанг: За време на моето долгогодишно клиничко искуство, научив дека сеопфатното, целосно разбирање на медицинската историја на пациентот е исклучително вредно. Сепак, може да биде тешко целосно да се сфатат нивните животни навики или клучните фактори за нивната благосостојба, како што се обрасците на спиење или исхрана, особено кога третманот е фокусиран на конкретни симптоми. Податоците што се собираат во текот на целиот живот на носивите уреди може да им помогнат на здравствените работници подобро да го разберат целосниот контекст на медицинската историја на една личност. А вештачката интелигенција може да им помогне на лекарите да го подобрат управувањето и толкувањето на информациите собрани со текот на времето со поедноставување на тој процес. Иднината на вештачката интелигенција лежи во стекнување клучни сознанија за секојдневниот живот за да се добие подлабоко разбирање за здравјето на пациентот врз основа на постојаното следење што го вршат носивите уреди.
Д-р Блум: Како кардиолог, сакам да додадам дека континуираното следење се појавува како клучна алатка во рано откривање и предвидување на потенцијална болест. На пример, состојби како атријална фибрилација и висок крвен притисок, кои се високоризични и имаат големи последици, а кои сепак може да се третираат преку интервенции со мал интензитет, може да имаат голема корист од таквото следење. Samsung може да има огромно влијание тука со тоа што ако пациентот носи паметен часовник, тогаш може подобро да се разберат скриените проблеми кои допринесуваат за овие состојби. Овие алатки засилени со вештачка интелигенција можат лесно да ги претворат податоците во функционални увиди и активни упатства, овозможувајќи им на луѓето да преземат проактивни чекори кон намалување на потенцијалните здравствени ризици.
Д-р Клоноф: Сè почесто се следи нивото на гликоза и тоа не само за управување со дијабетесот, туку тоа го прават и луѓе кои не страдаат од дијабетес и сакаат да водат поздрав живот. На овој начин се зголемува интересот за разбирање кои однесувања влијаат на нивоата на гликоза. Бидејќи здравствените параметри се меѓусебно поврзани, комбинирањето на податоците за гликоза со увидите за спиењето, крвниот притисок и нивото на активност покренува детални дискусии за животниот стил и искуствата на поединците. Ако корисниците можат порано да добијат подлабоко разбирање за овие збирни увиди, тогаш има зголемена можност за идентификување на рани предупредувачки знаци за потенцијални здравствени проблеми како што е дијабетесот. Носивите уреди и вештачката интелигенција ја зголемуваат вредноста на физиолошките податоци и корисниците можат да добијат подетално разбирање за нивното метаболичко здравје и да обезбедат можности за да ја подобрат нивната целокупна здравствена и физичка состојба.
Каква улога очекувате да има Samsung во унапредувањето на здравствената заштита?
Д-р Клоноф: Го охрабруваме Samsung не само да применува вештачка интелигенција во својата технологија за следење на здравјето, туку и да продолжи да се потпира на своето револуционерно наследство на иновации за да стане лидер во промовирањето промени во однесувањата. Преку постојани разговори и заеднички напори со медицински експерти, Samsung може да им помогне на луѓето да ги направат потребните промени во своите животи. Користењето на овие увиди може да ги охрабри луѓето да бидат здрави на долг рок без да се чувствуваат преоптоварени и да водат поисполнет и посреќен живот.
Д-р Блум: Се согласувам дека технологијата интегрирана во животите на луѓето може да биде важен чекор за одржување на секојдневното здравје и за превенција на сериозни здравствени состојби. Овие уреди треба да работат непречено во позадина на ненаметлив начин, а јасно е дека Samsung е лидер во ова поле со своите разновидни производи, од паметни телефони и телевизори до апарати за домаќинство. Сепак, и понатаму останува прашањето како можеме успешно да го подобриме секојдневниот живот на луѓето од аспект на нивната благосостојба? На крај, најважно е да се поврземе со корисниците за да го разбереме нивниот начин на однесување и да охрабриме позитивни промени во однесувањето, а Samsung има потенцијал да ги поместува границите на возможното, така што сите можеме подобро да се грижиме за себе и за нашите семејства.
Професор Чанг: Се согласувам со д-р Блум дека уредите на Samsung веќе се длабоко вкоренети во нашето секојдневие, така што постојат можности за понатамошно искористување на нивниот екосистем на уреди за поттикнување на промени во однесувањето за посреќно и поздраво утре. Сепак, огромна улога во правењето промени во однесувањето има поддршката од членовите на семејството која дава многу подобри резултати отколку кога човек сам се бори со овој предизвик. Затоа е неопходно да се прави континуирано следење и увид, како и да се создаде грижливо опкружување со семејството и пријателите. Samsung може многу да придонесе за создавање на ова опкружување со својата експертиза и напредни можности за максимална реализација на социјалните врски, така што корисниците ќе знаат многу повеќе за себе и за своите блиски.