Од WhatsApp потврдуваат дека популарната апликација за допишување добива реакции со емотикони.
Новитетот ќе им овозможи на корисниците да ги изразат своите „чувства“ откако ќе добијат порака без потреба да испраќаат поединечно emoji или повеќе од нив во посебна порака. Портпаролот на Meta, Џошуа Брекман изјави за The Verge дека емоџи реакциите ќе бидат достапни за сите наскоро.
Сепак, на почетокот бројот на емоџи реакции ќе биде ограничен само на шест, но WhatsApp веројатно ги избра „најважните“, односно оние кои најчесто се користат. Првиот човек на WhatsApp, Вил Кеткарт изјави дека разговорот ќе ги поддржува сите emoji реакции во блиска иднина.
We’re excited to announce that reactions are coming to WhatsApp starting with 👍❤️😂😮😢🙏 and with all emojis and skin-tones to come. pic.twitter.com/086JnVS5Ey
— Will Cathcart (@wcathcart) April 14, 2022
Фановите на популарната апликација ја гледаат новината како уште една позитивна карактеристика на WhatsApp откако апликацијата објави дека ќе им овозможи да испраќаат поголеми фајлови. Лимитот е зголемен од 100 MB на 2 GB, а зголемен е и бројот на корисници кои можат да учествуваат во истиот гласовен повик од осум на 32.