Најновата линија на телевизори Neo QLED 8K и 4K на Samsung, на телевизори OLED и soundbar-звучници, која првпат беше претставена на настанот Unbox & Discover на крајот на април, сега е достапна во редовна продажба во Македонија. Samsung, компанијата со 18 последователни години лидерство на глобалниот пазар на телевизори, ја подигнува домашната забава на уште повисоко ниво со својата најнова линија на уреди засилени со вештачка интелигенција (AI).
Уште повеќе магични искуства во секој момент
Телевизорот Neo QLED за 2024 година носи револуционерно искуство и во 4K и 8K резолуција. Телевизорот Neo QLED 8K е опремен со напреден NQ8 AI Gen3 процесор и обезбедува супериорна слика со подобрена јасност, длабочина и флексибилен звук што го следи сето она што се случува на екранот. Функциите: 8K професионално подобрување на сликата со вештачка интелигенција, Професионално подобрување на движењето со вештачка интелигенција и Професионално подобрување на вистинската длабочина обезбедуваат извонредно доживување при гледањето. Искуството е подобрено со совршен звук, исто така засилен со звучна технологија со вештачка интелигенција. ФункциитеПрофесионален активен засилувач на тонот, Професионален приспособлив звук и Динамичен и реалистичен звук што го следи дејството обезбедуваат секој збор да се слуша јасно и онака како што замислиле креаторите на содржината. Интелигентното прилагодување на звукот кон содржината обезбедува навистина богат и реален звук.
Достапна во две серии на модели, QN900D и QN800D, и во големини од 65, 75 и 85 инчи, линијата Neo QLED 8K ветува неспоредливо искуство на гледање што поставува нови стандарди во премиум категоријата на големи екрани.
Омилена, препородена и брилијантна содржина
Линијата телевизори Neo QLED 4K за 2024 година може да се пофали со напреден NQ4 AI Gen2 процесор за неверојатна 4K резолуција. Технологиите на екрани Професионално вистинско подобрување на длабочина и Quantum Matrixобезбедуваат исклучителен контраст, а Dolby Atmos обезбедува богато звучно искуство. Телевизорите Neo QLED 4K се достапни во дијагонали од 43 до 98 инчи.
Првиот OLED без отсјај
Samsung го претстави првиот телевизор OLED во светот без отсјај, кој ги елиминира несаканите рефлексии одржувајќи длабока црна боја и јасна слика во сите услови на осветлување. Телевизорите OLED на Samsung го имаат истиот извонреден NQ4 AI Gen2 процесор како телевизорите Neo QLED 4K, а со функциите Real Depth Enhancement и OLED HDR Pro го подигаат квалитетот на сликата на ново ниво. Достапни се две серии, S95D и S90D, со дијагонали од 48 до 83 инчи.
Сите нови телевизори Neo QLED и OLED на Samsung имаат Сертификат за бои и тонови на кожата PANTONE. Корисниците можат да искусат бои што се најблиску до реалните, а телевизорите можат целосно да изразат 2030 PANTONE бои и 110 тонови на кожата, обезбедувајќи им на корисниците автентични и прецизни перформанси на бои слични на сликите од реалниот живот.
Нека звучи одлично
Линијата за 2024 година го вклучува и најновиот soundbar-звучник Q990D со 11.1.4 канална постава и безжичен Dolby Atmos. Тенките soundbar-звучници S800D и S700D нудат врвен квалитет на звукот и беспрекорен тенок дизајн. Споменатите уреди нудат интеграција со телевизорите на Samsung користејќи ја функцијата Q-Symphony, која овозможува истовремено работење на soundbar-звучникот и звучниците вградени во телевизорот за дополнително подобрено звучно искуство. Имаме и комплетен новитет, новиот звучник Music Frame, кој комбинира квалитетен звук и уметнички дизајн. Тој овозможува прикажување на отпечатена фотографија или реплика на уметничко дело, како класична рамка со раб passe-partout, а во исто време обезбедува безжично звучно искуство, поврзувајќи се со ТВ приемникот и soundbar-звучникот, преку системот Q-Symphony.
Уште поголема безбедност
Безбедноста е најважна, така што со системот Samsung Knox секоја функција, апликација и платформа се добро заштитени за поврзаните искуства да бидат приватни и безбедни, а да потсетиме, Samsung доби Сертификат за општи критериуми за високи безбедносни стандарди за телевизорите од 2024 година.
Пристигна новата ера на телевизори со AI на Samsung
Сега можете да уживате во ефектот WOW. Сите телевизори Neo QLED 8K, Neo QLED, OLED за 2024 година и soundbar-звучници и звучници Music Frame се достапни на македонскиот пазар во редовна продажба од 15 мај. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Samsung.