Се чини дека Apple има проблем со баг кој покажува податоци за кои сопствениците на iPhone мислеа дека се исчезнати засекогаш
Некои корисници на iPhone известуваат дека нивните избришани фотографии, вклучувајќи ги и прилично старите, повторно се појавиле на нивните уреди по најновото ажурирање iOS 17.5. Исто така, iOS бета-тестерите ги имаа истите поплаки минатата недела.
Оние кои го забележаа багот наведоа дека може да видат како старите фотографии повторно се појавуваат во нивниот албум Recents. Вистина е дека iOS им овозможува на корисниците да ги повратат избришаните фотографии, но тие треба трајно да бида отстранати по 30 дена.
Лицето кое ја започна темата за овој проблем тврди дека фотографиите што биле избришани пред години се појавиле на iPhone. Еден корисник на Reddit вели дека ги видел фотографиите од 2016 година како нови. Друго лице истакна дека околу 300 стари фотографии, од кои некои биле со голотија, се појавиле на iPad кој бил целосно избришан пред уредот да му биде продаден на пријател.
Компјутерските податоци всушност никогаш не се „бришат“ се додека не се заменат со нови, туку оперативните системи едноставно ја прекинуваат референцата на нив. Еден корисник тврди дека видел вратени фотографии и покрај тоа што не го синхронизирал неговиот телефон, ниту користел Cloud, што имплицира дека фотографиите би можеле да доаѓаат од меморијата на уредот.