Honor работи на преклопниот смартфон Magic V Flip, кој ќе има голем надворешен екран, како и најголема батерија кога станува збор за уредите со шарка.
Digital Chat Station ја објави оваа информација, како и рендер со кој се потврдуваат шпекулациите дека „огромен“ екран ќе ја опкружува кружната камера, која исто така ќе биде меѓу најголемите во сегментот. Всушност, целиот надворешен панел е екран со мала рамка на дното, а можете да се забележи и кружна камера и еден LED блиц. Сепак, не може да се каже дека е конкурент на Razr 40 Ultra на Motorola, каде што 3,6-инчниот AMOLED панел ги обиколува поединечните камери, но е прилично блиску.
Honor се подготвува и за лансирање на Honor 200 серијата уреди и во текот на тој настан би можел да видиме тизер за Magic V Flip, со датум за лансирање во јуни.
Ако Honor се држи до својата форма за преклопен уред, Magic V Flip исто така ќе биде меѓу најтенките уреди од овој тип на пазарот. Едно е сигурно, на пазарот дефинитивно ќе пристигне интересен смартфон.