Со својата актуелна Redmi Note 13 серија на паметни телефони, Xiaomi воведе нов дизајнерски пристап во една од своите најпопуларни линии. Уредите уживаат голем интерес кај потрошувачите во одредени региони, но веќе има гласини поврзани со следната генерација на Redmi Note 14 уреди.
Информациите доаѓаат од дојавувачот Digital Chat Station и укажуваат на тоа дека смартфоните ќе имаат AMOLED екран со резолуција од 1,5K и висока стапка на освежување. Не е наведено за кој модел/и од серијата станува збор.
Дополнително, Redmi Note 14 серијата изглед ќе користи Qualcomm SM7635 (Snapdragon 7s Gen 3) чипсет, а батеријата веројатно ќе има капацитет од над 5000 mAh.
Да потсетиме дека Redmi Note 13 серијата дебитираше во Кина во септември минатата година, а во регионот и Европа во јануари годинава, останува да видиме дали оваа година премиерата ќе се одржи во истиот период.


