Веќе некое време кружат гласини за претстојната Galaxy Watch7 серија паметни часовници на Samsung. Линијата може да вклучува три модели, меѓу кои и Ultra модел, кој може да се појави под името Galaxy Watch X.
Уредот ќе биде поставен директно наспроти Apple Watch Ultra, а Galaxy Watch X би требалко да биде водоотпорен до длабочина од 100 метри.
Watch X ќе има и поиздржлива батерија која може да понуди до 100 часа со едно полнење (околу четири дена). За споредба, Galaxy Watch6 Classic може да издржи до 40 часа со едно полнење, а Watch5 Pro до 80 часа.
Дел од подобрувањата ќе бидат можни благодарение на Exynos W1000 чипсетот, кој најверојатно ќе се произведува со помош на 3-нанометарски процес, а може да има и поголем капацитет на батерија од 578 mAh.
Постои веројатност Samsung да го претстави Galaxy Watch X на 24 јуни.