Најавениот гигакомпјутер на Елон Маск би требало да ја покренува следната генерација на четботот на xAI – Grok
Компанијата xAI, стартап за вештачка интелигенција основан од Eлон Маск, се впушта во амбициозен потфат за да изгради еден од најмоќните суперкомпјутери во светот. За да се постигне оваа цел, компанијата ќе работи со Oracle, истакнат снабдувач на софтвер за претпријатија и инфраструктура во облак. Ова партнерство треба да обезбеди суштински ресурси и експертиза за да се забрза развојот на проектот за вештачка интелигенција.
Соработката со Oracle е дел од поширокиот план на компанијата за воспоставување проект наречен „Gigafactory of Compute“. Оваа иницијатива следува по успешен круг на финансирање, за време на кој xAI обезбедила шест милијарди долари инвестиции.
Exclusive: Elon Musk's xAI is planning to build a supercomputer to link 100,000 GPUs to power the next versions of its AI, Grok.https://t.co/7ukRst8KLf
— The Information (@theinformation) May 25, 2024
Предложениот гигакомпјутер би се состоел од огромна низа од единиците за обработка Х100 на Nvidia, кои го претставуваат индустрискиот стандард за чиповите, на центрите за податоци со вештачка интелигенција.
Маск предвидува дека оваа машина ќе биде најмалку четири пати поголема од најголемите постојни ГПУ кластери. Графичките процесори Х100 на Nvidia, познати по нивните исклучителни перформанси во решавањето сложени задачи со вештачка интелигенција, станаа многу барана стока.
На неодамна завршената конференција Viva Tech 2024 во Париз, Маск изјави дека очекува xAI да се натпреварува со лидерите во индустријата за вештачка интелигенција како Open AI, Microsoft и Google Deep Mind до крајот на годината. А до крајот на следната година Маск се надева дека системите за вештачка интелигенција како чет-ботот на xAI – Grok би можеле да ги надминат човечките способности во различни задачи.
Грок е во раните фази на развој и треба да прерасне во моќен јазичен модел заснован на длабоко учење оптимизиран за природни разговори, генерирање креативни содржини и други широки задачи на природен јазик. Неодамна, xAI го лансира Грок на европскиот пазар, проширувајќи ја својата достапност надвор од Соединетите Држави.