На почетокот на оваа година, Sony вети дека ќе го ослободи PlayStation VR2 од оковите кои го врзуваат за PS5 конзолата и да им овозможи на корисниците да ги користат во комбинација со компјутер, а сега е познато дека компанијата работи на PC адаптер.
Информацијата ја откри Бред Линч, вљубеник во VR, кој тврди дека Sony веќе го има произведено адаптерот, но се уште не е познато како функционира, како изгледа и колку ќе чини. Сепак, ова им дава доверба на претходните докази дека уредот ќе имаат жична врска со компјутерот.
За разлика од неговиот „комплициран“ претходник, PS VR2 се поврзува со конзолата PS5 користејќи еден USB-C кабел. Meta Quest користи USB 3 конекција за компјутерски игри, а можебу Sony сака да ги користи DisplayPort или HDMI портовите за да ја подобри вередостојноста на сликата.
Sony очигледно се надева дека поддршката за PC ќе ја подобри продажбата на хедсетот, кои досега баш и не го „запали“ пазарот. PS VR2 е одличен, но го „кочат“ неколку фактори, вклучително и ограничен избор на наслови, т.е. компатибилни игри. Корисниците ќе имаат многу поголем избор на VR игри за уживање на компјутер.