Понекогаш отворањето линк во друга мобилна апликација може да биде вистинско одвлекување на вниманието и да го оддалечи корисникот од задачата што се обидува да ја заврши, но сега има ажурирање за Chrome што може да му помогне да остане фокусиран на она што го прави.
На пример, кога корисникот ќе притисне на линк во апликацијата Gmail и ќе отвори таб во Chrome, тој може да кликне на иконата со стрелката надолу, која се наоѓа на лентата со алатки покрај знакот „x“, односно копчето за затворање, за да го минимизира прелистувачот. На тој начин, отворениот таб го претвора во компактен лебдечки прозорец слика во слика, кој може да се влече каде било на екранот.
Табот може да остане минимизиран додека ја користи оригиналната апликација, а кога корисникот е подготвен да ја прегледа нејзината содржина, треба само да го допре лебдечкиот прозорец за да го врати табот во неговата оригинална големина.
Новата функција е веќе достапна за одредени корисници, но наскоро ќе стигне до сите, па затоа е неопходно да се ажурира Google Chrome.
Се разбира, секогаш постои опција за префрawe на tabot на апликацијата во Chrome, доколку корисникот се чувствува попродуктивен ако ги чува различните задачи отворени во посебни прозорци.