Samsung ги најавува AI функциите за Galaxy Watch со One UI 6 Watch ажурирањето, со потенцијална компатибилност за други Android телефони
Samsung објави нови функции за вештачка интелигенција што доаѓаат на Galaxy уредите оваа недела, и се чини дека новите функции со вештачка интелигенција за Galaxy Watch може да работат и на други телефони со Android, иако компанијата и натаму навестува дека еден ден би можела да наплаќа за услугите со вештачка интелигенција.
Претходно оваа недела, Samsung откри неколку нови функции за вештачка интелигенција кои доаѓаат на Galaxy Watch со претстојното ажурирање на One UI 6 Watch базирано на Wear OS 5. Новите функции се главно фокусирани на здравјето, што не е изненадувачки, но сепак има интересни детали надвор од главната најава.
Во фуснота на својата објава за претстојните функции со вештачка интелигенција за Galaxy Watch, Samsung повторно навестува дека карактеристиките на Galaxy AI на крајот ќе бидат наплатувани. Како и досега, од компанијата велат дека ќе бидат бесплатни барем до крајот на 2025 година.
„Достапноста на карактеристиките на Galaxy AI може да варира во зависност од моделот на уредот. Функциите на Galaxy AI ќе бидат обезбедени бесплатно до крајот на 2025 година на поддржаните Samsung Galaxy телефони. Различни услови може да важат за функциите на вештачка интелигенција обезбедени од трети страни“.
Претходно, Samsung ја користеше истата формулација, но одби да одговори на прашањата за тоа како платените услуги на Galaxy AI ќе работат надвор од навестувањето дека тие можеби ќе бидат малку „помоќни“.
Samsung ќе ги објави AI функциите во One UI 6 Watch во текот на јуни
Меѓутоа, друго големо прашање што се појави по објавата оваа недела беше дали овие нови Galaxy AI функции ќе функционираат на Galaxy Watch, ако не сте поврзани со паметен телефон на Samsung. Сосема вообичаено беше Samsung да заклучува некои здравствени функции на Galaxy Watch за корисниците кои го спојуваат паметниот часовник со телефон на Samsung. Еден од најголемите примери за ова е ЕКГ, кој работи само кога е поврзан со Galaxy смартфон.
Се чини сосема можно e некои од овие претстојни Galaxy AI фунции за Watch да следат слична патека, но тонот на Samsung во овој случај ја остава отворена вратата и за други уреди.
Во друга фуснота која зборува за функцијата „Energy Score“, Samsung вели дека функцијата е „достапна на телефоните со Android“ и дека е потребна апликацијата SamsungHealth, без да се спомене Galaxy уредот.
„Достапно на Android телефоните (OS Android 10 или понова верзија) и бара апликација Samsung Health (v6.27 или понова верзија). Потребно е најавување на сметката на Samsung. За да се провери енергетскиот резултат, здравствените податоци што се следат со Galaxy Watch (Galaxy Watch4 или подоцна објавена серија Galaxy Watch) мора да се синхронизираат со апликацијата Samsung Health“.
Слично на тоа, другите фусноти за Wellness Tips и Aerobic/Anaerobic Threshold Heart Rate Zones само ја спомнуваат потребата за поврзување со Android телефоните. Единствената карактеристика што се подразбира дека работи само со Galaxy телефоните е Functional Threshold Power, за која Samsung конкретно наведува дека бара „Galaxy паметен телефон“ поврзан со „мерач на енергија“, но за „попрецизен FTP“ потребен е само „паметен телефон со Android“.