Психолозите од Универзитетот во англискиот град Лидс, откриле дека луѓето кои поголем дел од времето го поминуваат на социјалните мрежи или на страници за чет, всушност поминуваат помалку време во реални социјални интеракции, што би можело да има штетни последици врз нивното ментално здравје.
Тим од експерти испитувал како група од 1.319 лица на возраст од 16 до 51 година користат интернет, а добиените резултати ги споредувале со сериозноста на симптомите на депресија.
Тие откриле дека 1,2 проценти од анкетираните, претежно помлади, се зависници од интернет и дека тие корисници имаат умерени до сериозни симптоми на депресија.
Докторлкара Катриона Морисон, раководител на истражувањето, предупреди дека заменувањето на нормалните социјални интеракции со интернет може да сугерира психолошки нарушувања како што се депресија и зависност.
„Нашите истражувања покажуваат дека прекумерната употреба на интернет е поврзана со депресија, но не знаеме што прво се случува – ги привлекува ли интернетот депресивните или е причина за депресија“, објасни Др. Морисон.
Симптомите на депресија варираат од личност до личност, но вклучуваат проблеми со спиењето, летаргија, очај, намален апетит, плачење, раздразливост и проблеми со концентрацијата.