Носачот на ракети и сателитот „Аријана 6“ ќе го изврши својот прв лет на 9 јули, најави Јозеф Ашбахер, генерален директор на Европската вселенска агенција (ESA)
Ашбахер, говорејќи на аеромитингот во Берлин, додаде дека постои план првиот комерцијален лет на „Аријана 6“ да се реализира до крајот на годината.
ESA која има 22 земји-членки, одлучи во 2014 година да го започне развојот на „Аријана 6“ поради зголемената конкуренција на пазарот на ракети за лансирање, но нејзиното лансирање постојано беше одложувано.
Носачот е развиен од „ArianeGroup“, заедничко вложување меѓу компаниите „Ербус“ и „Сафран“. Овој лет доаѓа доцна, една година откако неговиот претходник, носачот „Аријана 6“, беше пензиониран, пренесува Ројтерс.
Тогаш Европа остана без својот пат до орбитата за нејзините сателити, откако една алтернатива во Италија пропадна и врските со Русија беа прекинати поради војната во Украина.


