Поранешниот гигант во индустријата за паметни телефони HTC, кој денеска е на маргините на смартфон пазарот, најави презентација на нов телефон за следната недела.
Исто како и LG, HTC во одреден момент одлучи дека не може да се натпреварува со Samsung и се откажа од развојот и производството на паметни телефони. Од стратешка перспектива, HTC веројатно не згреши, а LG веројатно уште помалку.
Разликата е во тоа што LG се уште е присутен на пазарот како бренд и нивните телевизори, фрижидери, клима уреди и друга потрошувачка електроника се на секој чекор.
Компанијата HTC која некогаш работеше под слоганот „quietly brilliant“, денес е „потивок“ од било кога. Нивниот последен значаен телефон беше HTC U12+, и тоа уште во 2018 година во ерата на Android 8.
Во меѓувреме, компанијата се фокусираше на развој на уреди за виртуелна реалност, но подобра среќа немаше ниту со овој бизнис. HTC претстави неколку неинтересни телефони, наменети пред се за пазарите во развој.
Сега компанијата најавува презентацијата на новиот телефон за 12. нјуни, но според досегашните информации не треба да се надеваме на ништо револуционерно.
Најверојатно се работи за HTC U24 Pro уредот, но најверојатно се работи за смартфон од средната класа ,што го покренува Snapdragon 7 Gen3 чипот.
Познато е и дека ќе има екран со резолуција од 1080 x 2436 пиксели и дека на располагање ќе има 12 GB RAM, а се чини дека ќе го задржи 3,5 милиметарскиот аудио приклучок на врвот.
Прашањето е, за кои пазари, освен за домашниот тајвански, ќе биде наменет овој телефон. Доколку HTC сака да има некаква шанса за враќање, ќе му биде потребно нешто поинтересно.