Samsung официјално потврди дека Galaxy AI технологијата ќе биде дел од следната генерација на преклопните смартфони на компанијата
Станува збор за претстојните модели Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6, кои се очекуваат да бидат претстави во првата половина на месец јули.
Официјалниот претставник на Samsung, Вон-Џун Чои изјави во блог пост дека компанијата има намера „понатамошно да го оптимизира искуството на Galaxy AI за претстојните флексибилни уреди.
„Нашите преклопни телефони се најразновидни и најфлексибилни во Samsung Galaxy семејството, а кога се комбинираат со Galaxy AI технологијата, се отклучуваат нови можности“, рече Чои.
Samsung сака да ги револуционизира мобилните искуства со „хибриден AI пристап“ за кој верува дека е „најпрактично и најсигурно решение“ за да ги задоволи потребите на корисниците и „да го стави Samsung над конкуренцијата“.
Хибридот се состои од тоа што им нуди на корисниците „рамнотежа помеѓу моментната реакција и дополнителното осигурување на приватноста на технологијата за вештачка интелигенција на уредот, како и разновидноста на AI технологијата базирана на облак преку отворени соработки со водечките партнери во индустријата за да бидат понудени низа потребни функции за секојдневниот живот“.
Samsung наскоро ќе ја прошири својата AI функција за преведување во живо на апликацииte за пораки од трети страни за поддршка на гласовни повици. Ова ќе биде интегрирано во AI јазичниот модел за превод на Samsung со вештачка интелигенција на уредот, така што ќе може да се користи „без грижа за проблемите со приватноста, како што е споделувањето лични информации“ надвор од мобилниот телефон на корисникот при употребата на Live Translate.
Чои очекува дека се повеќе и повеќе функции на вештачкатинтелигенција ќе се задржат на уредот благодарение на брзиот напредок на невронски процесорски единици.