Apple во текот на вчерашниот Keynote на WWDC 2024 конференцијата за програмери го објави macOS 15 Sequoia, нова верзија на оперативниот систем за Mac компјутерите.
Новата верзија на macOS пристигнува со нови нови функции во Messages, подобрувања во Safari и нов начин за пресликување на iPhone на вашиот Mac екран и многу повеќе.
Со macOS 15 Sequoia, корисниците имаат нови начини да ги искористат предностите на функциите за Continuity помеѓу Mac и iPhone. На пример, сега не само што можете да го емитувате екранот на вашиот iPhone на Mac екранот, туку и да го контролирате iPhone уредот директно од вашиот Mac. Корисниците можат дури и да повлекуваат и префрлаат фајлови и фотографии од iPhone на екранот на Mac. На овој начин, сите функции на iPhone ќе можат да се користат на компјутерот, а за време на користењето на оваа функција, дури и известувањата од iPhone ќе се пресликуваат на екранот на оперативниот систем.
Се оствари и предвидувањето за лансирањето на новата апликација Passwords, која ќе ги замени менаџерите со лозинки на сите уреди на Apple, а сите податоци ќе бидат синхронизирани и заштитени и врзани за корисничка сметка, без разлика дали се на Mac, Vision Pro, iPad или iPhone.
macOS 15 пристигнува и со вградената Apple Intelligence, која може да генерира текст во апликациите и им помогне на корисниците во генерирањето на слики.
Во новиот macOS Sequoia, Safari сега ја нуди функција Highlights, која Apple ја опишува како „уште полесен начин за откривање информации на интернет, како што се насоки, резимеа или брзи линкови за да дознаете повеќе за луѓето, музиката, филмовите и ТВ емисиите“. Reader режимот е редизајниран и сега вклучува рационализиран приказ на статијата, резиме и табела со содржина за подолги написи“.