Бројни производители на паметни телефони се испробаа во мобилната астрофотографија, но никогаш со голем успех
Бидејќи не постои значителна разлика во можностите за фотографирање кај денешните смартфони од високата класа, производителите треба да смислат иновативни функции за да ги истакнат своите нови уреди. На пример, Apple ги нуди фотографските стилови на iPhone 13, додека Samsung ја нуди функцијата Adaptive Pixel кај новите S22 модели.
За ова е свесен и Xiaomi, кој со секоја нова линија паметни телефони се стреми да им обезбеди на корисниците „нешто повеќе“. Според Gizmochina, на компанијата сега и е доделен патент за автоматизирана софтверска технологија за фотографирање на ноќното небо – „night sky, star trails, time-lapse photography“.
Имено, патентот на Xiaomi детално го опишува софтверскиот алгоритам на камерата, што стои зад time-lapse фотографирањето на ноќното небо и ѕвездените траги. Најпрвин, кога корисникот ќе го вклучи режимот Star Trails во апликацијата за камера, тој автоматски ќе се фокусира на ноќното небо и ќе ги одреди најсоодветните поставки за фотографирање.
Телефонот потоа мора да остане во истата позиција, бидејќи сепак се работи за time-lapse фотосесија. Алгоритмот потоа ги складира фотографиите за да ги интерпретира сите потребни податоци и да создаде кратко видео кое го прикажува time-lapse „патувањето“ на ѕвездените траги што се формираат на екранот.
Кинеската компанија се да го претстави режимот Stair Trails со својот следен флегшип смартфон, а се шпекулира дека тоа би можел да биде Xiaomi 12 Ultra, кој наводно веќе следниот месец ќе се појави на кинескиот пазар.