Очекуваме многу наскоро, за околу еден месец, Samsung да ја претстави својата нова генерација паметни телефони со екрани на преклоп, Galaxy Z Fold6 и Flip6. Веќе има многу гласини во врска со овие смартфони, меѓу кои и за поскапувањето од околу 100 долари, што воопшто не е позитивна информација за корисниците.
Сега се појавија нови детали поврзани со очекуваните спецификации на Galaxy Z Fold6, кои во најмала рака се разочарувачки. Освен некои логични подобрувања меѓу генерациите, нема ништо значајно што би ја разликувало компанијата од нејзините главни ривали, кои добиваат на замав.
Според информациите, телефонот ќе има главен Dynamic AMOLED 2x екран со дијагонала од 7,6 инчи, брзина на освежување до 120 херци, резолуција од 2160 x 1856 пиксели и сооднос од 4:3,4. Надворешниот дисплеј ќе биде 6,2-инчен со сооднос 22:9 и резолуција од 2376 x 968 пиксели. Двата екрани ќе ja поддржуваат и работата на S Pen.
Се чини дека ќе има и намалување на тежината за 14 грама во однос на сегашниот Galaxy Z Fold5 на 239 грама. Инаку, ќе се базира на Snapdragon 8 Gen 3 чипсет со графички акцелератор Adreno 750, 12GB RAM и до 1TB складирање на фајлови.
Можеби нема да промена во капацитетот на батеријата од 4400 mAh и уредот ќе ја има истата конфигурација на камерите како сега. Ова значи присуство на сензор од 50 MP со отвор на бленда f/1,8 и оптичка стабилизација, леќа со ултраширок агол од 12 MP и телефото објектив од 10 MP за зумирање 3x. Предните камери ќе бидат 10MP и 4MP, под екранот.
Единственотото значително подобрување може да биде способноста за снимање бавно движење во 4K резолуција со 120 фрејмови во секунда (fps) и во Full HD со 240 fps.