Apple ги претстави iOS 18 и Apple Intelligence на WWDC 2024, но ко-основачот Стив Возниак е скептичен и покрај импресивната демо презентација.
Apple ги објави iOS 18 и Apple Intelligence за време на централната презентација на WWDC претходно оваа недела, што беше проследено со лавина мислења за прикажаното. Првиот обид на Apple да го претвори iPhone во телефон со вештачка интелигенција е топ тема, па дури и ко-основачот на компанијата има свое мислење.
Стив Вознијак не работи во Apple со години, што значи дека може да каже речиси што сака, а во интервју за Bloomberg, ко-основачот не изгледаше сосема сигурен дали Apple Intelligence ќе ги оправда очекувањата.
Вознијак изјави дека иако демо снимките изгледале импресивно, сака да види како новите функции ќе работат кога ќе ги извршува на своите уреди и со своите податоци, што нема да се случи некое време.
Велејќи дека биле „демонстрирани некои големи чекори“ за време на презентацијата на Apple Intelligence, Вознијак истакна дека е импресиониран од софтверот што Apple го покажа за време на својот настан, пренесува iMore.
Сепак, тој повика на претпазливост, наведувајчи дека сè уште верува дека луѓето треба да ги испробаат новите функции и да откријат што функционира, а што не.
Регистрираните програмери уште сега можат да го пробаат iOS 18 сега со преземање на бета верзијата за девелопери на iOS 18, но Apple Intelligence сè уште не е дел од ажурирањето. Истото важи и за ажурирањата на софтверот за другите платформи на Apple, па ќе треба да почекаме да видиме што всушност нуди интелигенцијата на Apple.