Apple има намера да ја намали дебелината на иднините MacBook Pro, Apple Watch и iPhone уреди, а новиот ултра тенок M4 iPad Pro е знак на новата дизајнерска траекторија на компанијата, известува новинарот на Bloomberg, Марк Гурман
Минатиот месец Apple ги претстави своите нови и потенки iPad Pro уреди, кои не потсетија на деновите кога компаниите се натпреваруваа во оваа насока, односно кој ќе претстави питенок уред. Се чини дека Apple повторно има такви планови и тоа за идните модели на iPhone, MacBook Pro и Apple Watch.
Компанијата од Купертино можеби ќе може да го постигне ова без да се загрози траењето на батеријата, а во меѓувреме да ги зголеми перформансите. Според новинарот на Bloobmberg, Марк Гурман, Apple се фокусира на развој на значително потенок iPhone 17 модел за 2025 година.
Сепак, напорите се дел од пошироката иницијатива на компанијата за постигнување потенок дизајн и на идните MacBook Pro и Apple Watch уреди. Според Гурман, овие уреди ќе бидат најтенки и најлесни во својата класа.
Потсетуваме дека пред извесно време имаше и индикации дека на пат е потенок iPhone. Останува да видиме дали овие очекувања ќе се остварат.