Минатогодишниот Samsung Galaxy Z Fold 3 го поддржуваше S пенкалото кое им е добро познато на сите запознаени со поранешната Galaxy Note серија на уреди. Сепак, флексибилниот уред немаше посебно место за складирање на пенкалцето во самото куќиште, што го направи користењето на S пенкалото малку незгодно, бидејќи корисникот немаше каде да го складира по завршувањето на работата.
Сега, се чини дека истата судбина не чека и со следниот преклопен уред на Samsung, Galaxy Fold 4 (Z повеќе нема да биде во името). Иако кружеа шпекулации дека новиот телефон на преклоп може да донесе простор за S пенкалото во уредот, сепак се чини дека тоа беа само неосновани гласини.
Дојавувачот Ice Universe кој има добра репутација во светот на новите технологии наведува дека дека сепак е поверојатно новиот Galaxy Fold 4 да нема место за S-пенкалото во внатрешноста на уредот. Корисниците ќе можат да го користат на различни интересни начини, но едноставно нема да можат да го вратат во телефонот кога ќе завршат со него.
Од една страна, ваквата одлука може да разочара многу корисници кои искрено се радуваа на враќањето на S Pen во куќиштето на уредот. Од друга страна, се чини дека годинашниот Galaxy Fold 4 ќе биде уште потенок од претходникот, што што секако е добра дизајнерска одлука која лесно објаснува зошто нема да има место за S Pen.
Покрај тоа, типстерот наведува и дека претстојниот Fold 4 ќе има малку помали димензии и екрани од неговиот претходник и дека целокупниот дизајн ќе биде намален и покомпактен. Други информации кои се достапни во моментов велат дека флексибилниот уред би можел да ги има истите камери како и годинешниот Galaxy S22 Ultra,. што секако е огромна надградба во споредба со минатогодишниот модел.
Во моментов нема повеќе информации за овој флегшип уред, но не се сомневаме дека сигурно ќе предизвика голем интерес кај оние корисници кои секогаш ги сакаат само најновите и најнеобичните смартфони.