Пред околу една година, Samsung SDI почна со производство на батерии од 5-та генерација за електрични возила, користејќи го методот на напластување наместо вообичаениот метод „желе ролна“. На овој начин, компонентите на батеријата може да се спакуваат поцврсто, што резултира со поголем капацитет за истиот волумен. Elec сега известува дека компанијата се подготвува да го користи овој метод и за батериите на паметни телефони.
Батериите произведени со метод на напластување имаат најмалку 10 проценти поголем капацитет од традиционалниот дизајн во ролна. Ова значи дека батеријата од 5.000 mAh како онаа во Galaxy S22 Ultra може да има капацитет од 5.500+ mAh. Алтернативно, телефоните може да бидат дизајнирани потенки и полесни додека капацитетот на батеријата ос ист.
Батериите со рамни ролни не можат да се спакуваат цврсто, бидејќи природниот оток што се јавува кога батеријата се полни и испразнува може да ги свитка електродите и да ги оштети во процесот. Новиот дизајн го решава овој проблем и овозможува пополнување на мртвиот простор во рамки на батеријата.
Новите батерии наводно ќе се произведуваат во фабриката Чеонан во Кореја, а се очекува компанијата да пренамени и една од линиите во својата фабрика во Тијанџин, Кина, за да го користи новиот метод.