Оваа недела повторно се појавија информации за очекуваниот датум на следната голема хардверска премиера на Samsung. Се чини дека Galaxy Unpacked настанот ќе се одржи на 10 јули, а до тогаш нема уште многу време.
Меѓу очекуваните нови уреди е смартфонот на преклопување Galaxy Z Flip6, кој е следната генерација на успешната серија на Samsung. Веќе бевме сведоци на голем број протечени информации кои ни покажуваат како ќе изгледа телефонот, а исто така и повеќето негови клучни спецификации.
Меѓутоа, сега има нови податоци поврзани со неговата цена во Европа, откако дознавме дека во САД ќе биде поскап за 100 долари во однос на претходникот. Информациите се од SamInsider и покажуваат очекувано зголемување на цената и на Стариот континент.
Верзијата со 256GB простор за складирање ќе има цена од 1339,99 евра, а со 512GB интерна меморија цената ќе биде 1466,99 евра. Ова претставува зголемување на цената за приближно 140 и 148 евра, соодветно.